Сопругот на познатата српска пејачка починал од глад и студ, а една од трагедиите ја доживеала во Скопје

Фото: Естрадниархив/ принтскрин/ инстаграм

Пејачката Снежана Мишковиќ Викторија има безвременски хитови кои се вистински евергрини. Но, нејзиниот живот го одбележаа болни и предизвикувачки искуства. Во законски брак била само еднаш, а нејзиниот прв сопруг починал од глад.

По само 10 дена додворување, тие одлучиле да се венчаат во 1982 година. Нивниот набрзина склопен брак донел и свои проблеми, кои кулминирале со разводот девет години подоцна. Музичарката бракот го опишала како целосен распад на системот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dejanbegovic (@dejanbegovic)


Таа нагласи дека нејзиниот сопруг во тоа време бил растргнат меѓу сопругата, родителите и дрогата.

– Кога ме се јавија за неговата смрт, многу плачев. Кога дознав дека е лага, тој не се јави. Се криеше од долговите. Сфатив дека нема враќање и се разведовме во 1993 година. Оттогаш изгубивме секаков контакт –  рекла тогаш Викторија, осврнувајќи се на тажната вест што ја слушнала во 2011 година.

Нејзиниот прв сопруг бил откриен во засолниште, откако починал како бездомник.

– Пред неколку месеци ми јавија дека починал на најстрашниот можен начин. Како бездомник, без дијагноза, а починал од студ и глад. Не се предозирал, ниту пиел алкохол – рекла пејачката.

Викторија ниту подоцна немала среќа во љубовта. Иако ја реализирала својата голема желба и се остварила во улогата на мајка, следела тешка битка за старателството над ќерката Тара.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dejanbegovic (@dejanbegovic)


Како што раскажала, нејзиниот поранешен партнер се обидел да ги оспори нејзините способноси и квалитети како мајка. Викторија, исто така, подоцна доживеала голема трагедија. Доживеала спонтан абортус ден по настапот во Скопј, го загубила бебето.

Викторија, по неколку несреќи, се повлекла од јавноста и одлучила да живее повлечено.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот