Него повеќе го нема, но има нови спотови: Објавен нов спот за песната „The hills“ од Леонард Коен (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Пред неколку дена е објавен спот за песната на покојниот музичар Леонард Коен, „The Hills“.

Песната е објавена на еден од најпродаваните албуми на светот, постхумното издание „Thanks for the dance“.

Режисер на црно-белиот спот е Винсент Хејкок, а во спотот се појавува познатиот француски актер Ајзак де Баколе, кој се упатува на пат во непознат правец.

Низ улиците на Тексас тој се сеќава на минатото и на моменти се претвора во Коен.

Покрај тоа, преку спотот има низа на визуелни метафори, па така го гледаме и препознатливиот моден додаток на Коен – шеширот.

„The Hills“ е филмска посвета на оваа прекрасна песна на Коен објавена на актуелниот албум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот