Не беше само удобност или стил, имав добра причина: Били Ајлиш објасни зошто носи широка и предимензионирана облека

били ајлиш
Фото: Profimedia

Изминатата сабота Били Ајлиш го презема „Saturday Night Live“ како најнов водител на серијата, и во нетрпеливо очекуваниот монолог се огласи за вечното прашање на јавноста – зошто секогаш носи широки и предимензионирани аутфити?

19-годишната пејачка излезе на сцената облечена во делумно проѕирен фустан украсен со тантела, тул и везови што го дизајнираше Симон Роша за нејзината колекција на „ready-to-wear“ облека за пролет 2022 година, изглед за кој рече дека изгледа како „штотуку да се омажила во аниме“ и дека е облека што Баба Мразица би ја носела на ноќно излегување.

„Ако не ме познавате по мојата музика, можеби ќе ме знаете по мојата коса или облеката. Затоа решив да се облечам како Баба Мразица да оди во клуб, но всушност, го носам ова само затоа што после шоуто мора да се омажам во аниме“, рече таа.

били ајлиш
Фото: Profimedia

Били потоа урнебесно објасни зошто најчесто избира да носи широка облека.

„Некои луѓе се прашуваат зошто почнав да носам широка облека, а всушност имаше добра причина. Тоа не беше само за удобност или за стил. Ова ми е тешко да го кажам, но вистинската причина што тогаш носев голема облека со големи димензии е дека всушност бев две деца наредени едно врз друго, обидувајќи се да се прикраднат во филм со R-оценка“, објасни Били.

Таа потоа сподели дека некогаш сонувала да се занимава со глума, но нејзината мајка ставила крај на тие соништа.

„Всушност, велев дека мразам глума. Но, вистината е дека кога бев мала го сакав тоа! Мајка ми и татко ми беа актери. Така е и мојот брат, Финиес. И тоа беше мојот сон да бидам во филм. И се сеќавам кога умре тој сон“, раскажа Ајлиш.

били ајлиш
Фото: Profimedia

Таа потоа сподели дека кога имала 9 години, нејзината мајка „напишала филм инспириран од нејзиниот живот“.

“Ова е вистина. Таа го избра мојот брат, Финиес, да глуми како нејзин син, таа ја глумеше мајката, а во филмот – немаше ќерка!“, докажа Били додека публиката се смееше, а таа надополни дека се работи за вистинска приказна.

били ајлиш
Фото: Profimedia

Мајката на Били беше присутна помеѓу гостите на оваа епизода на „SNL“, и дури и го имаше и своето појавување за време на нејзиниот настан – таа се појави на сцената, бакнувајќи ја и велејќи и на пејачката дека ја сака, а притоа носеше црн дуксер на кој пишуваше „Мајката на Финиес“.

Таа исто така и го најави настапот на Ајлиш, на кој таа го изведе нејзиниот последен хит „Happier Than Ever“, но овој пат носеше дуксер на кој гордо пишуваше „Мајката на Били“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот