НБРСМ: Не треба да се наплатува за затворање платежна и за одржување неактивна сметка

Илустративна фотографија / Архива на Слободен печат

За затворање платежна сметка што се користи подолго од шест месеци или за одржување на неактивните сметки, банките и штедилниците не смеат да им наплатуваат надоместоци на граѓаните и на фирмите.

Тоа значи дека доколку некој сака да затвори платежна сметка или доколку има неактивна сметка во некоја банка или штедилница, не треба да плаќа финансиски средства за овие услуги на банката.

Од Народната банка појаснуваат дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи што почна да се применува од 1 јануари годинава, се зајакнува заштитата на граѓаните и на компаниите во однос на надоместоците за платежните услуги кои од нив ги наплатуваат давателите на платежни услуги.

– Доколку рамковниот договор со кој се уредува отворањето, одржувањето и затворањето на платежната сметка е во сила во период подолг од шест месеци, давателот на платежни услуги не смее да му наплати на сопственикот за затворањето на сметката. Се забранува и наплатата на надоместоци од страна на давателот на платежни услуги за сметки што подолг период не се употребуваат од граѓаните – објаснуваат од Народната банка за МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот