НБА ѕвездите не сакаат да играат на Мундобаскет – Слободен печат
КошаркаСпорт

НБА ѕвездите не сакаат да играат на Мундобаскет

Само неколку часа откако Бредли Бил се откажа од настапот на Мундобаскет, тоа го сторија уште двајца кошаркари.

Кошаркарската репрезентација на САД од ден на ден е се послаба и полека го губи статусот на апсолутен фаворит на Светското првенство во Кина. По денешниот отказ на Бредли Бил, селекторот Грег Попович само неколку часа подоцна остана без уште двајца нови кошаркари.

Првиот избор на драфтот и новата НБА сензација, Зајон Вилијамсон и кошаркарот на Филаделфија сиксерс, Тобајас Херис се последните двајца кои го „откачија“ селекторот Попович.

Вилијамсон сака што подобро да се подготви за дебитантската сезона во НБА лигата, а истото образложение го приложи и Херис.

Претходно на селекторот Попович, настапот на Мундобаскет во Кина , го откажаа уште и Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Бредли Бил, Ерик Гордон, Си Џеј Меколум, додека настапот на Кајл Лаури е неизвесен поради извршената операција.

На поширокиот список на селекторот Грег Попович останнаа: Харисон Барнс, Андре Драмонд, Демиен Лилард, Кевин Лав, Крис Мидлтон, Мајлс Тарнер, Кемба Вокер, Кајл Кузма, Брук Лопез, Пол Милсап, Донован Мичел, Џејсон Тејтум, Пи Џеј Такер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close