Дрим-тимот продолжува да се ситни

twitter/Wizards Nation

Репрезентацијата на САД, дефинитивно нема да настапи со најсилниот состав на Светскотко првенство во Кина. Селекторот Грег Попович, денеска остана без уште еден кошаркар кој требаше да биде еден од носителите на играта на Мундобаскетот, Бредли Бил.

Кошаркарот на Вашинготон визардс одлучи да не биде дел од репрезентацијата на САД бидејќи не сака да го пропушти раѓањето на своето дете кое треба да се роди на крајот на август, во време кога ќе започне и Мундобаскетот во Кина (31 август – 16 септември).

Претходно својот настап на СП во Кина го откажаа уште и Ентони Дејвис и Џејмс Харден, а во текот на викендот тоа го сторија и Си Џеј Меколум и Ерик Гордон.

Селекторот Попович иако нема да смета на најсилниот состав, сепак има тим кој ќе биде главен фаворит за златниот медал благодарение на Демиен Лилард, Кемба Вокер, Џејсон Тејтум, Демар Дерозан, Ламаркус Олдриџ…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот