НБА реагира на обидот на Џордан и ЕСПН со „Последниот танц“ да ја сменат историјата: Односот кон Кукоч е срамотен 

Дкументарниот филм „Последниот танц“ во кој се зборува за Мајкл Џордан и шампионската генерација на Чикаго булс со секоја епизода крева се поголема прашина во американската јавност и наидува на негативни критики поради начинот на кој е направен филмот.

По првите две епизоди од документарниот филм, американските новинари се побунија дека ЕСПН телевизијата го „избриша“ Кукоч и на официјалниот постер наместо Хрватот е додаден Стив Кер.

Потоа се крена прашина и поради приказната за „лошите момци“ од Детроит во која Џордан го обвини Ајзеа Томас дека е серко бидејќи не му честитале за победата во плејофот по што на кошаркарските новинари во САД им стана јасно дека со „Последниот танц“,Мајкл Џордан и ЕСПН се обидуваат да ја сменат историјата.

Поголем дел од нив застанаа во одбрана на Детроит, а денеска дојдоа и првите напади кон Џордан и телевизијата поради досегашните четири епизоди.

Нападите доаѓаат од самата НБА лига која застана во одбрана на Тони Кукоч кој во првите епизоди е маргинализиран иако имаше една од клучните улоги во освојувањето на последните три титули.

„Кукоч беше незаменлива алка токму во сезоната 1997/98, која навистина беше нивниот „последниот танц“. И замислете во документарецот, едвај се зборува за него и за неговите заслуги, па тој е поголем статист дури и од Скот Барел или Бил Венингтон. Луѓето кои со последната сезона на Булс за првпат се среќаваат токму преку овој документарец, никако нема да може да разбере колку Хрватот беше важен за тој тим.

Причина за тоа е фактот што првите четири епизоди комплетно го занемаруваат Кукоч, кој е сведен на обичен статист, а поголема минутажа добиваат оние кои навистина беа само статисти на теренот. Изоставувањето на Кукоч апсолутно не е случајно. И покрај неговото значење за Чикаго булс, тој никогаш не беше сметан за елита во тимот зашто Џордан се шегуваше со него како „момчето на Џери“, бидејќи беше донесен од, за него, омразениот менаџер Џери Краус.

Освен тоа, Џордан долго време сметал дека Кукоч не се труди доволно. Затоа во тимот беше третиран како студиски музичар, кој се плаќа само за да се сними албумот, а не е дел од групата. „Последниот танц“, кога е Кукоч во прашање, во најмала рака е – срамен“, е официјалниот став на НБА околу документарниот филм за Чикаго булс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот