НБА ги објави финалистите во трката за МВП-титулата: Јокиќ против двајца големи ривали

фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

НБА лигата ги објави официјалните кандидатури за индивидуални награди оваа сезона, а во трката за за МВП наградата се Никола Јокиќ, Џоел Ембид и Јанис Адетокумбо.

Веќе подолго време се шпекулира кој би можел да биде најкорисен играч во најдобрата светска кошаркарска лига, воглавно како главни кандидати се споменуваат Никола Јокиќ од редовите на Денвер и центарот на Филаделфија, Ембид.

Само во изминатите 10 дена погласно се слушаше името на играчот на Милвоки, Адетокумбо, но многумина веруваат дека главната борба ќе се води меѓу Јокиќ и Ембид.

За најдобар дефанзивец на годината ќе се борат Џарен Џексон од Мемфис, Брук Лопез од Милвоки и Еван Мобли од Кливленд. Најголем напредок ќе имаат Џејлен Бренсон од Њујорк, Шаи Гилџус Александар од Оклахома и Лаури Марканен од Јута.

Паоло Банкеро од Орландо, Вокер Кеслер од Јута и Џејлен Вилијамс од Оклахома се во конкуренција за дебитант на годината. Во трката за признанието најдобар шести играч се Малколм Брогдон од Бостон, Боби Портис од Милвоки и Имануел Квикли од Њујорк.

Човек на завршницата може да биде Џими Батлер од Мајами, ДеМар Дерозан од Чикаго и Дијарон Фокс од Сакраменто. Најдобар тренер ќе биде Мајк Браун од Сакраменто, Марк Дањолт од Оклахома или Џо Мазула од Бостон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот