НБА донесе одлука: Јокиќ не е МВП, иако во дури 16 категории е подобар од Џоел Ембид

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер нагетс/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Џоел Ембид е прогласен за МВП за оваа тековна сезона во НБА лига и на тој начин Никола Јокиќ остана без трето по ред признание за најдобар играч на светот.

Српскиот ас на Денвер нагетс во 16 од вкупно 20 категории, статистички параметри беше подобар од кошаркарот на Филаделфија. Очигледно пресудија поените по меч…

Членот на Сиксерси дојде до првото место со дури 73 гласа, а Јокиќ доби „само“ 15, додека играчот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо 12.

На многумина им беше жал што Камерунецот не беше избран за МВП минатата сезона, туку Јокиќ, кој со Денвер не беше ни блиску до врвот на Западот. Но, тој беше најкорисен играч на неговиот тим, па дури и на целата лига. А сега Јокиќ го освои Западот со Нагетси, но не е прогласен за МВП.

Поранешниот играч на Филаделфија, Ален Ајверсон вели дека и двајцата го заслужуваат МВП признанието.

– Тешко е, бидејќи Јокиќ е многу добар кошаркар, но и Ембид исто така. Ниту една одлука нема да ме изненади. Сметам дека двајцата ја заслужуваат наградата, но само еден може да биде победник – вели Ајверсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот