Навивачите одлучија: Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња

Teл Авив, Израел/01 Октомври 2022/фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Светски познатата телевизија „Еуроспорт“ направи анкета во која до своите гледачи постави прашање – кој е најдобриот тенисер на сите времиња?

Навивачите имаа можност да избираат еден од Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал. На крајот убедливо првото место го освои српскиот тенисер.

Ѓоковиќ освои најмногу гласови, 51% или 4.662 гласа, а зад него заврши сега веќе пензионираниот Федерер со 28.2% освоени гласови и Надал со 20.8%.

Ќе потсетиме Ѓоковиќ на турнирот во Астана го чека полуфинале каде што ќе игра против рускиот ас Данил Медведев. Втората полуфинална двојка на овој турнир ја сочинуваат Стефанос Циципас и Андреј Рубљов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот