Навивачите на Интер му подготвуваат пеколен пречек на Ромелу Лукаку

фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Ромелу Лукаку ќе добие непријателски пречек на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано кога со својата Рома ќе игра против Интер во Серија А на крајот на месецот, односно на 29 октомври.

Белгискиот напаѓач беше херој на навивачите на Интер, постигна 78 гола на 123 натпревари, со нив ја освои титулата во Серија А, играше финале во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а потоа поради својата одлука да се пресели во еден од најголемите ривали на Интер, стана човек кој повеќе не сакаат да го видат.

Беше откриено кога Лукаку со Челси водеше разговори за нова позајмица во Интер, преговарал и со Јувентус. Го означија како предавник и му порачаа на клубот да ги прекине преговорите со него.

Потоа влезе во преговори со Рома, клубовите се договорија и сега на шест настапи за римскиот клуб постигна четири гола.

– Ќе го заокружиме 29 октомври со „црвено“ во календарите за да бидеме спремни да слушне колку сме згрозени, бидејќи ни го сврте грбот на најсрамен можен начин. Покажа дека е мал човек, бидејќи не се држел до зборовите. Ние те браневме со мечеви, а ти ни возврати со тоа што ни го сврте грбот. Пред натпреварот против Рома ќе бидат поделени 50.000 свирчиња кои ќе се користат секогаш кога топката ќе биде допрена од тој кој го предаде нашиот дрес. Сите да покажеме како треба да се постапува со некој што се покажал недостоен да го носи овој дрес – стои во соопштението за медиумите на навивачите на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот