Навални ја издржува казната во затвор во Владимирскиот регион

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

 Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен во  Владимирскиот регион, каде ќе ја издржува казната во затворот во градот Покров, објави агенцијата ТАСС.

Според достапните информации, Навални вчера е пренесен во Владимирскиот регион. Тој ќе ја отслужи казната во поправната установа бр. 2 во градот Покров”, додава ТАСС.

Како што пренесува, Навални прво ќе биде ставен во карантин.

Шефот на Руската федерална казнена служба Александар Калашников вчера потврди дека рускиот опозиционер Навални е префрлен во затворска колонија надвор од Москва, каде треба да отслужи казна од две и пол години затвор.

Судот во Москва ја замени условната казна на Навални за случајот „Ив Роше” со вистинска затворска казна за повеќе прекршувања на казнените услови, а Московскиот градски суд ја потврди пресудата на 20 февруари и таа стапи на сила тогаш. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот