Научник тврди: Очилата со вештачка интелигенција ќе им овозможат супермоќи на луѓето

Фото: Pexels/ RDNE Stock project

Научникот Девин Лидел, тврди дека очилата со вештачка интелигенција во иднина ќе им овозможат супермоќи на луѓето, односно способност да знаат доколку некој ги лаже или има неискажани чувства, пишува „Дејли мејл“.

Лидел објасни дека компјутерските системи за вид кои се вградени во очилата, ќе можат да ги детектираат емоционалните знаци на луѓето, кои се невидливи со голо око. Верува дека оваа проширена реалност, во комбинација со вештачката интелигенција ќе го трансформира социјалниот живот на луѓето.

Во иднина, со помош на оваа технологија луѓето без проблем ќе може да откријат секакви физички и психолошки информации за другите луѓе, како на пример кога некој лаже или е навистина заљубен во нив.

„Очилата би можеле да бидат исклучително важни во многу области од нашиот живот, а супермоќите, ќе можат да се користат во сите видови општествени односи, од политички преговори, извршување на секојдневната работа, па дури и излегување на романтични состаноци“, вели тој.

Тој смета дека поради ова, луѓето би можеле да побараат забрана за користење на таква напредна технологија. Сепак, предвидува дека забраните нема да бидат успешни, бидејќи со текот на времето технологијата ќе стане поевтина, што значи дека ќе биде достапна за пошироката популација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот