Научниците предупредуваат, во изметот на кучињата има бактерии отпорни на антибиотци

Фото: TANG CHHIN SOTHY / AFP / Profimedia

Сите сме биле таму и сите знаеме дека пешачките и природните патеки, парковите, терените за играње и тревниците не се добри места за оставање на измет од кучиња.

Сепак, нашите улици и паркови и натаму се преполни со кучешки измет. И со оглед на тоа што пандемијата предизвика пораст на вдомување на кучиња, новите извештаи сугерираат дека проблемот со изметот од кучињата само се влошил во последниве години.

Покрај очигледната лоша слика и веројатноста за несакан контакт со изметот на кучињата, постојат и некои други важни причини за сопствениците да го собирааат изметот од кучињата, пишува „Саенс алерт“.

Еве што треба да знаете и што вели науката за заедничките напори да се отстрани кучешкиот измет од јавните површини.
Кучешкиот измет е поврзан со болести, загадување и отпорност на антибиотици.

Тој може да содржи микроорганизми кои предизвикуваат болести кај луѓето како што се салмонела, ешерихија коли, и многу внатрешни паразити.

Кучешкиот измет исто така може да биде потенцијален резервоар за бактерии отпорни на антибиотици, што значи дека луѓето преку контакт со кучешки измет би можеле да развијат бактериски инфекции кои тешко се лекуваат.

Една неодамнешна студија во Сиднеј, идентификуваше измет од кучиња во атмосферска вода, што е значаен придонесувач за загадувањето на водата .

Оваа тема, и покрај нејзината важност и влијание, доби малку внимание од научниците. За среќа, сепак, имаме неколку храбри поединци кои можат да кажат дека студирале кучешки измет за подобрување на човештвото.

Фото: Roman Tiraspolsky / Alamy / Alamy / Profimedia

Една студија во Велика Британија забележува дека достапноста на канти, морфологијата на патеката, видливоста и локацијата на патеката се клучни фактори за одредување на појавата на измет од кучиња.

Истата студија забележа дека иако повеќето шетачи на кучиња го собираат изметот по своите миленици, некои се премногу „горди за да го кренат“, додека други прават лоши проценки за тоа каде и кога е дозволено да се остава отпадот од кучињата.
Сепак, постојат и несовесни сопственици на кучиња, кои нема да го соберат изметот дури и ако се свесни за здравствените и еколошките последици.

Други истражувања сугерираат таргетирање на несовесни сопственици и нивно казнување, како и обезбедување станици за отстранување отпад на популарни рути за шетање кучиња.
Сепак едукацијата на шетачите на кучиња е клучна, велат истражувачите.

Пораките во кои се нагласува дека добрите соседи и членовите на заедницата вредно го собираат изметот од нивните кучиња може да бидат најефективни, бидејќи луѓето добро реагираат на социјалните пораки.

Најдобар начин за фрлање на кучешкиот измет е во канта. За компостирање потребни се високи температури, за да се неутрализираат штетните материи во изметот на кучињата, а неговото закопување им овозможува на овие микроорганизми да се наталожат во почвата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот