НАТО сојузниците ќе издвојуваат најмалку два проценти од БДП за одбрана

Сојузниците на НАТО постигнаа договор за зголемување на целта на Алијансата за воени трошоци на најмалку два отсто од националниот бруто домашен производ (БДП), изјавија синоќа двајца неименувани дипломати.

Триесет и една земја се согласија на трајна обврска да инвестираат најмалку два отсто од својот БДП во своите воени сили во иднина, изјавија дипломатите.

Договорот за нова цел за воени трошоци беше едно од отворените прашања пред дводневниот Самит на НАТО, што на 11 и 12 се одржува во главниот град на Литванија, Вилнус.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаше намера сегашната воена цел на НАТО од два проценти од националниот БДП да ја направи минимален услов наместо цел.

Во 2023 година, според процените на НАТО, дури и старата цел ќе ја исполнат само 11 од 31 членка на алијансата – САД, Британија, Полска, Грција, Естонија, Литванија, Финска, Романија, Унгарија, Летонија и Словачка.

Целта беше поставена во 2014 година, кога лидерите на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на два отсто од БДП во рок од една деценија.

Најмалку издвојуваат Канада, Словенија, Турција, Шпанија, Белгија и Луксембург, чии трошоци за одбрана беа под 1,4 проценти од БДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот