НАСА го одложи првото слетување на луѓе на Месечината по повеќе од 50 години

Нил Армстонг, првиот космонаут кој стапнал на Месечината / 20 јули 1969 / Фото: Profimedia

Националната аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) денеска соопшти дека првото слетување на луѓе на Месечината по повеќе од 50 години ќе биде извршено во 2026 година, а не во 2025 година, како што беше претходно планирано.

НАСА соопшти дека астронаутите ќе мора да почекаат до следната година пред да полетаат кон Месечината и уште неколку години пред да слетаат на неа, пренесе новинската агенција „Асошиејтед прес“.

НАСА планираше да испрати четворица астронаути околу Месечината подоцна оваа година, но летот беше одложен за септември 2025 година поради технички проблеми.

Соопштението е објавено кратко откако „Астроботик техонолоџи“ се откажа од обидот да го спушти своето вселенско летало на Месечината поради истекување гориво.

ФОТОГАЛЕРИЈА | Објавени најпопуларните фотографии од телескопот „Џејмс Веб“ кои ја покажуваат целата убавина на вселената

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот