Напаѓачот на новинарите на „ТВ 24“ призна вина, пресудата во петок

Фото: ТВ24 / принтскрин

Скопјанецот Милчо Пенов, кој физички и вербално ја нападна екипата на „ТВ 24“ која снимаше пред неговиот дом, денеска пред судот призна вина за стореното дело, објави „ТВ 24“.

Пенов физички го нападна снимателот Љубиша Игнатов, а упати и вербални напади кон новинарот Александар Тодески, додека тие снимаа инсерти пред куќата во која беше пријавено живеалиштето контроверзниот украински олигарх Олександар Онишченко. Пенов упати и јавно извинување до снимателот за физичкиот напад врз него.

– Се чувствувам виновен и се каам за стореното дело. Скоро четири дена бев под опсада и малтертирање од повеќе телевизиски екипи. Јас сум болен човек и примам терапија. Јас упатував пцовки, но и снимателот исто така. Со новинарот немав никаков проблем. Искрено се извинувам за стореното дело.

Во текот на денешното рочиште и изведувањето на доказите, одбраната на Пенов изнесе повеќе докази за неговата здравствена состојба, а адвокатот Драган Георгиев рече оти се надева дека судот ќе ги земе предвид и овие околности.

По завршувањето на денешното рочиште, судијката Билјана Коцевска посочи дека пресудата за овој случај ќе биде изречена на 16 декември со почеток во 10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот