НАПАД ВРЗ АВТОБУС: Убиени денес лица во Кенија

Десет лица, вклучувајќи и неколку полицајци, се убиени во вооружен напад над еден автобус во Кенија. Властите се сомневаат дека овој напад е направен од милитантската група Ал Шабаб.

Автобусот се движел во област во близина на границата со Сомалија.

-Неколку луѓе, вклучувајќи и полицајци се убиени на брутален начин- се вели во соопштението на претседателсвото на Кенија.

Полицијата истакна дека во овој напад се убиени десет лица и дека цел на напаѓачите биле лица кои не се од Сомалија.

Зоната каде се случи нападот претежно е населена со етнички Сомајлици со кениско државјанство. Потпаролот на полицијата, Чарлес Овино, рече дека напаѓачите првично ги поделиле цивилите на две групи. Според него, Сомалијиците биле поделени на една страна и не беа нападнати, додека другите беа убиени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот