Намалување на бројот на новозаразени во Кина: За 24 часа само шест нови заболени

Кина ќе започне кампања за промоција на мандаринскиот јазик, а целта е до 2025 година да го користи 85 отсто од населението/Фото: Profimedia

Во Кина во последните 24 часа се потврдени уште шест нови случаи на коронавирус, што е помалку од вчера кога имаше 10 нови случаи.

Вкупниот број на заразени сега е 82.804, соопшти Националната здравствена комисија, додавајќи дека немало нови смртни случаи.

Во соопштението се наведува дека од вкупниот број на новозаболени два се увезени случаи, додека вчера имаше шест, пренесува Ројтерс.

Бројот на асимптоматски случаи порасна од вчера од 27 на 34, додека бројот на починати од коронавирус во Кина останува 4.632.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот