Наќевски: Османи, Бејта и Незири се заштитуваат во случајот „Монструм“

Одложувањето на денешната седница за случајот „Монструм“ поради отсуство на двајца сведоци, предизвика револт кај родителите на убиените момчиња во Смилковското Езеро, пренесува Алсат М.

Тие велат дека случајот се одложува постојано.

Горан Наќевски, таткото на убиениот Александар, рече дека додека ДУИ е на власт, случајот нема да биде решен и дека ќе има постојани одложувања со години, пренесува истиот медиум.

– Дајте ни ги класифицираните информации, ние веќе ги знаеме функционерите на ДУИ, Сафет Незири, Бујар Османи, Невзат Бејта и Беким Незири – рече Наќевски.

Родителите на убиените момчиња од самиот почеток велат дека петте телефонски броеви кои биле прислушкувани со мерките ПИМ, се класифицирани како државна тајна и тие бараат од судот токму овие броеви да бидат декласифицирани. Тие велат дека токму овие броеви се броевите на функционерите на ДУИ.

На 12 април 2012 година, во Смилковското езеро беа убиени пет лица, Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Накјевски и рибарот Борче Стефановски, додека со доживотна затворска казна за овој случај беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Лута.

Врховниот суд во декември 2017 година, ги поништи пресудите и ги ослободи осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Лута и Фејзи Азири, изрекувајќи им мерка за претпазливост.

По поништувањето на пресудата, случајот „Монструм“ го води СЈО, додека предметот е вратен на повторно судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот