Највисоко и најниско платени работни позиции во Германија

Германскиот портал Gehalt.de ги објави најновите податоци за највисоките и најниските плати во Германија за 2019 година.

Највисоки плати во Германија имаат искусните лекари, кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто плата, експерти за продажба или аквизиција заработуваат од 99.635 евра, по што следат директорите на фондови со 83.640 евра.

Меѓу највисоко платени се и финансиските сметководители, регионалните менаџери за продажба и статистичарите.

Од друга страна, најниски платени работници се работниците во кујната, чијашто годишна бруто-плата е околу 21.907 евра, фризерите со 23.202 евра, конобарите или келнерки со 23.620 ерва, работници во кол центрите со 25.200 и рецепционерите со годишна заработка од 25.370 евра.

Меѓу најниско платените работници во Германија се касиерките,  готвачите, асистентите на забите, негователките и возачите.

Според „Gehalt.de“, работниците на југот на Германија добиваат значително повисоки плати од остатокот од земјата, највисоки плати годинава се забележани во провинцијата Хесе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот