Најсреќен датум во годината: Ако посакате желба на овој ден, таа ќе ви се оствари

Фото: Pexels/Vlada Karpovich

Според нумерологијата, постојат т.н. „ангелски броеви“ – секвенци кои се повторуваат, кои вообичаено содржат серија од неколку исти броеви (пр. 111 или 2222). Исто така, за „ангелски броеви“ се сметаат и повторувачките шеми како 123, 3434, 6556 итн.

Се вели дека броевите во нумерологијата носат уникатни и моќни вибрации, а бројот 11 се смета за главен број во ова верување. Бидејќи единаесет е толку моќен, претстојниот 11 ноември (11.11) ќе биде особено среќен датум.

Духовното значење на овој датум е дека „вие сте на вистинскиот пат“, затоа не се плашете да замислите желба. Иако тоа можете да го направите секој ден од годината, 11.11 е единствениот ден кој ви овозможува да ја искористите енергијата на овој магичен број цели 24 часа.

Оваа година, 11 ноември се паѓа во петок, денот со кој владее Венера, планетата на хармонијата, поврзаноста и социјализацијата. Замислувањето желби поврзани со љубов, рамнотежа и хармонија може да биде добар начин да се комбинираат нумерологијата и астрологијата за да се искористи оваа енергија максимално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот