ФОТО | Најофицијално што може: Џулија Фокс објави цел есеј за состанокот со Канје Вест, Је организирал цела фотосесија за неа во ресторанот

канје вест џулија фокс
Фото: Принтскрин / Instagram

Џулија Фокс е во врска со Канје Вест, и таа не се додржа да не одговори на гласините. Но, не само со изјава – туку со цел есеј, проследен со фотосесија, и објава во новото издание на магазинот „Interview“!

31-годишната актерка од „Uncut Gems“ беше забележана како присуствува на изведба на бродвејската претстава „Slave Play“ вечерта на 4 јануари, и на вечера по шоуто во италијанскиот ресторан „Carbone“, но нејзината вечер беше бурно проследена од јавноста бидејќи не беше сама.

Тоа беше официјален состанок на двојката за која веќе се шпекулираше, Канје Вест, или поточно Је, и Џулија Фокс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RAPRNB Le Mag (@raprnblemag)

И само пар денови по зборуваната средба Џулија објави есеј на „InterviewMagazine.com“ во кој детално зборува за средбата со Канје.

„Го запознав Је во Мајами на новогодишната ноќ и тоа беше моментална поврзаност. Неговата енергија е толку забавна да се биде во негово присуство. Јас и моите пријатели цела ноќ се смеевме, танцувавме и се забавувавме. Решивме да ја задржиме енергијата и да одлетаме назад во Њујорк за да ја гледаме „Slave Play““, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kardashian News (@kardashianvideo)

Џулија забележа дека летот на Канје слетал во 18 часот, а претставата започнала во 19 часот – тој сепак некако успеал да пристигне на време, што ја воодушевило и оставило „импресионирана“.

„После претставата избравме да вечераме во „Carbone“, кој е еден од моите омилени ресторани. Во ресторанот, Је ми спроведе цела фотосесија додека луѓето вечераа! На целиот ресторан му се допадна, и не’ бодреше додека се случуваше“, раскажува Фокс.

Канје ѝподари на Џулија „Пепелашка момент“ по вечерата и ја почести со стајлинг состанок.

„По вечерата имаше изненадување за мене. Мислам, сè уште сум во шок. Имаше цел хотелски апартман полн со облека. Тоа беше остварување на сонот на секоја девојка. Се чувствуваше како вистински момент на Пепелашка. Не знам како го направи тоа, или како го доби сето тоа таму на време. Но, јас бев толку изненадена. Како, кој прави вакви работи на втор состанок? Или на било кој! Сè кај нас беше толку спонтано. Не знам каде се движат работите, но ако ова е некаков показател за иднината, подготвена сум за возењето“, рече таа.

канје вест џулија фокс
Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот