Најмногу се умира од рак во богатите земји

Срцевите болести веќе не се водечка причина за смрт во богатите земји. Сега тоа е карциномот, којшто може да стане најголемиот светски убиец наредните неколку десетлетија, предупредуваат научниците.

Преку два обемни научни труда во медицинското списание „Лансет”, се изнесуваат податоци за новата „глобална епидемиолошка транзиција” меѓу различните видови хронични болести. Срцевите заболувања засега остануваат водечки причинител на смртноста кај средовечните луѓе во дел од светот, и на нив отпаѓаат 40 отсто од смртните случаи. Но, тоа веќе не важи за земјите со високи приходи, каде што ракот сега убива двојно повеќе луѓе отколку срцевите заболувања.

– Истражувањата открија дека ракот беше втор најчест причинител на смртта во светот во 2017. и на тоа отпаѓа 26 отсто од смртните случаи. Но како што стапката на срцевите болести паѓа, карциномот би можел да стане водечки причинител на смрт во голем дел од светот за само неколку децении, смета Жил Дагенес, професор во Универзитетот Лавал во Квебек, Канада, кој е раководителите на оваа научна анализа.

Најчести причини за смрт засега се високиот крвен притисок, нездравата исхрана и пушењето.

Од околу 55 милиони починати во светски рамки во 2017 година, околу 17,7 милиони умреле од кардиоваскуларни болести.

Земјите опфатени во трудот, се Аргентина, Бангладеш, Бразил, Чиле, Филипини, Индија, Иран, Јужна Африка, Канада, Кина, Колумбија, Малезија, Пакистан, Полска, Саудиска Арабија, Шведска, Танзанија, Турција, Обединеттити Арапски Емирати и Зимбабве.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот