Најмалку пет жртви во тропската бура Исаја која го пустоши источниот брег на САД (ВИДЕО)

epa08583901 A man wearing a mask walks past a fallen tree that landed on a SUV truck as heavy wind and rain fall during Tropical Storm Isaias in New York, New York, USA, 04 August 2020. EPA-EFE/JASON SZENES

Торнадо урна една куќа во Северна Каролина и уби две лица, рече гувернерот на оваа држава Рој Купер.

Најмалку пет лица настрадаа во тропската бура Исаја која го погоди источниот брег на САД, а стотици илјади луѓе и натаму се без електрична енергија утрово.

Откако ја зафати Северна Каролина како ураган од прва категорија во понеделникот вечер Исаја потоа се претвори во поблага тропска бура и тргна долж Атлантскиот брег.

Сега пристигна до Канада каде се надеваат дека ќе се растури, наведува Националниот центар за урагани (НХЦ).

Торнадо урна една куќа во Северна Каролина и уби две лица, рече гувернерот на оваа држава Рој Купер. Уште две лица смртно настрадале во пад на стебло врз нивните автомобили, една во Њујорк и една во Мериленд.

Во Делавер една жена (80) е усмртена од стебло на дрво.

Околу три милиони луѓе се погодени од прекинот на електрична енергија, посебно во државите Мериленд, Њу Џерси, Њујорк и Конектикат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот