Најмалку 40 Американци евакуирани од крузерот „Дајмонд Принцес“ се заразени со коронавирус

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS

Најмалку 40 Американци од вкупно 400-те кои се евакуирани од крузерот „Дајмонд Принцес“, закотвен кај јапонското пристаниште Јокохама, се заразени со коронавирус.

– Заразените американски државјани ќе бидат лекувани во јапонските болници, изјави денеска за Си-Би-Ес, Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за заразни болести.

САД на доброволна основа денеска ги евакуираа и останатите американски државјани од крузерот, што под карантин се наоѓа од почетокот на февруари заради појавата на коронавирусот.

За американските патници досега пристигнаа повеќе десетици автобуси. Тие со авиони ќе бидат префрлени до САД, каде 14 дена ќе минат во карантин, пренесе Индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот