Најмалку 32 деца меѓу загинатите на стадионот во Индонезија

Најголема трагедија во историјата на фудбалот се случи во Индонезија/Фото: EPA-EFE/SANDI SADEWA

Најмалку 32 деца загинаа во стампедото предизвикано од интервенција на полиција на фудбалски стадион во Индонезија изминатиот викенд, соопштија денеска официјални лица.

-Според податоците со кои располагаме, од вкупно 125 настрадани, 32 се деца, од кои најмладото е на две или тригодишна возраст, соопшти индонезиското Министерство за жени и социјална заштита.

Најмалку 125 луѓе загинаа во саботата во стампедо на крајот од фудбалскиот натпревар во градот Маланг на истокот на индонезискиот остров Јава, кога илјадници навивачи влегоа на теренот, а полицијата употреби солзавец во обид да воспостави ред.

Официјални лица првично соопштија дека бројот на настрадани е 174, но подоцна ја ревидираа бројката на жртви поради, како што наведоа, двојно броење на дел од загинатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот