Најголема грижа за Европејците на интернет е безбедноста на личните податоци

93 отсто од граѓаните преземале барем една индивидуална мерка за да се заштитат на интернет, а само четири отсто одговориле дека не се загрижени и ништо не преземале.

Последниот извештај на Евробарометарот покажува дека граѓаните на Европската Унија на интернет највеќе стравуваат за злоупотреба на нивните лични податоци и онлајн плаќања.

46 отсто од анкетираните одговориле дека при користење на интернет најзагрижени се за злоупотребата на нивните лични податоци, а 41 отсто за безбедноста на онлајн плаќањата, овие бројки се слични со оние од последната анкета кон крајот на 2018. Гледано на подолг рок, од 2013, загриженоста на граѓаните за личните податоци е зголемена за шест процентни поени и го постигна своето највисоко ниво, покажува анкетата.

93 отсто од граѓаните преземале барем една индивидуална мерка за да се заштитат на интернет, а само четири отсто одговориле дека не се загрижени и ништо не преземале.

Прочитајте и...  Вучиќ: Најавата за укинување на таксите на Курти е нов трик и обид за измама

Од преземените мерки на прво место е инсталацијата на софтвер против вируси, околу третина од граѓаните посетуваат само веб сајтови кои ги познаат или користат само личен компјутер. 29 отсто од испитаниците рекле дека користат различни лозинки за различни сајтови, додека една четвртина од интернет корисниците во ЕУ рекле дека сега користат покомплексни лозинки отколку во минатото. 21 отсто редовно ги менуваат своите шифри.

Естонците, Холанѓаните и Швеѓаните се највнимателни кога станува збор за отворање електронска пошта, над две третини од граѓаните во овие земји не отвораат мејлови од непознати лица, додека најмалку внимаваат Италијанците, Шпанците и Полјаците.

Повеќето граѓани на ЕУ во просек одговориле дека сметаат дека се добро информирани за ризиците од сајбер криминалот, но бројките по земји драстично варираат, па така најинформирани се чувствуваат Данците, Холанѓаните, Швеѓаните и Британците, а најмалку информирани се чувствуваат Бугарите, Италијанците и Романците.

Прочитајте и...  Хачинсон: Ќе се дискутира за активирање на членот пет на НАТО за ангажман во Сирија

Загрижува податокот дека 77 отсто од анкетираните одговориле дека не се запознаени со официјален канал на комуникација за да пријават сајбер криминал.

На прашањето што би направиле ако сте жртва на криминал или злоупотреба на интернет, мнозинството во сите 28 земји членки одговориле дека би пријавиле во полиција.

Анкетата е спроведена во сите 28 земји членки помеѓу 8 и 22 октомври 2019, врз социјално и демографски репрезентативен примерок од 27607 граѓани на ЕУ во нивниот мајчин јазик. Интервјуата се одвивале во живо и се водени од страна на генералниот директорат за комуникација на Европската Комисија.

Прочитај повеќе

Заев откри дека ќе биде носител на изборната листа во четворката

Слободен печат

Долгови или инвестиции, што дебатираа Заев и Мицкоски за економијата

Слободен печат

Трамп потврди: Ќе потпишеме договор со талибанците во Авганистан

Слободен печат

Заев ги покажа договорите од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ: Иста услуга еднаш 1,6 милиони, после 8 милиони евра

Слободен печат

Судир на автобус и воз во Пакистан, најмалку 14 загинати

МИА Агенција

Падна хеликоптер во Русија, се верува дека има загинати

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицкоски ги отфрли обвинувањата дека лобирал Македонија да не добие датум за преговори со ЕУ

Слободен печат

Заплената на пет тони кокаин во Венецуела се поврзува со кокаинот лоциран во Македонија

Слободен печат

Иран: Американската понуда за помош е смешна

МИА Агенција

Нови 19 случаи, вкупно 57 лица се заразени со коронавирус во Франција

МИА Агенција

Мицкоски до Заев: Дали испративте нота до Атина поради тоа што не го почитуваат Преспанскиот договор?

Слободен печат

Според индексот за глобална здравствена безбедност Македонија „доволно подготвена“ за борба со епидемии

Слободен печат