Студија: Најдолговечните луѓе на светот јадат сѐ и го практикуваат ова правило во исхраната

Фото: Flickr

Сините зони се подрачја кои имаат најголема концентрација на луѓе кои живеат до 100 или повеќе години. Во Сините зони спаѓаат: Окинава (Јапонија), Сардинија (Италија), Лома Линда (Калифорнија), Икарија (Грција) и Никоја (Коста Рика).

Истражувањето објавено во стручното списание „Американски весник за медицина на животниот стил“ (American Journal of Lifestyle Medicine) покажа дека повеќето жители на Окинава го следат правилото 80/20. Тоа значи дека тие секој оброк го јадат додека не се заситат 80 отсто. На тој начин го спречуваат прејадувањето, кое доведува до дебелеење и болести. Со други зборови, тие ја гледаат храната како превентивен лек.

Со помош на правилото 80/20, тие на својот желудник му „даваат време“ на мозокот да му „соопшти“ дека е полн.

Во споменатото стручно списание, исто така, е наведено дека преостанатите 20 отсто може многу да бидат значајни за слабеењето или дебелеењето.

Со оглед на тоа што се потребни околу 20 минути по оброкот за да почувствувате дека сте сити, практикувањето на правилото 80/20 му овозможува на мозокот да го ‘стигне желудникот’ – рекла нутриционистката Лорен Манакер за списанието „Јади го ова, не тоа“ (Eat This, Not That).

– Овој начин на исхрана не значи дека ви е забрането да уживате во консумирањето на вашата омилена храна. Целта е едноставно да обрнете повеќе внимание на вашите навики во исхраната и да препознаете дали јадете нешто затоа што сте навистина гладни или сте навикнале непотребно да се прејадувате  – додала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот