Најдобрата есенска торта: Чизкејк со костени

Чизкејк
Чизкејк / Фото: Pexels

Чизкејкот со костен е деликатес на кој тешко може да се одолее, а славната готвачка Најџела Лосон има докажан рецепт кој не престанува да ги воодушевува гурманите ширум светот.

Чизкејкот се готви на водена пареа за рамномерно да се распореди топлината. Вака во кремот нема да се појават грутчиња, а јајцата ќе бидат рамномерно зготвени. Покрај тоа, чизкејкот направен на водена пареа полесно ја задржува рамномерната форма. За да го готвите чизкејкот на водена пареа, потребно ви е да го прекриете калапот за печење со фолија и да го ставите во плех со вода.

Костени / Фото: Pexels

Потребни состојки:

Бисквит:

  • 250 гр мелени бисквити
  • 50 гр омекнат путер
  • 1 лажица пире од костени

Крем:

  • 500 гр крем сирење
  • 125 г шеќер
  • 3 големи јајца
  • 3 жолчки
  • 175 мл кисела павлака
  • 1 лажичка сок од лимон или лимета
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици рум
  • 350 гр засладено пире од костени

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени и загрејте ја водата за водена пареа.

Мешајте ги бисквитите, пирето од костен и омекнатиот путер сѐ додека смесата не се соедини. Вака подготвената смеса префрлете ја во калап за чизкејк и рамномерно распоредете го притискајќи го со прсти или лажица така што ќе се формира кора. Ставете го добиениот бисквит во фрижидер додека го подготвувате кремот.

Во длабок сад за матење измешајте го крем сирењето и додадете шеќер. Постепено додавајте ги јајцата, а потоа и павлаката, сокот од лимон, екстрактот од ванила и рум, па повторно мешајте. На крајот, додајте го пирето од костени.

Поставете неколку големи парчиња фолија и ставете го калапот на средина. Прилепете ја фолијата по рабовите на калапот, а на врвот дополнително притиснете ја фолијата. Истурете ја смесата од костени во калапот и ставете го во плех. Истурете загреана вода во плехот, до половина од калапот во кој е чизкејкот.

Печете го чизкејкот во загреаната рерна, околу 60 минути. На крајот, внимателно отворете ја рерната бидејќи ќе биде полна со пареа и извадете го калапот од плехот, па префрлете го на подлогата.

Оставете го чизкејкот во фрижидер преку ноќ, а следниот ден извадете го од калапот. Пред послужување, оставете го на собна температура.

Украсете ја тортата со карамел или чоколадо.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот