Надзорниот одбор на Фејсбук во среда одлучува за профилот на Трамп

Доналд Трамп/ Фото: ЕПА

Надзорниот одбор на Фејсбук објави на Твитер дека конечната одлука ќе ја објави 5 мај за суспендирање на профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи.

Компанијата го блокираше пристапот на Трамп до профилите на Фејсбук и Инстаграм, бидејќи беа загрижени за можни нови немири, откако неговите поддржувачи го нападнаа Капитол на 6 јануари, поради што случајот подоцна беше предаден на Надзорниот одбор за понатамошно донесување одлуки, пренесува Ројтерс.

Комисијата, која ја формираше Фејсбук, како одговор на критиките за справување со проблематична содржина, во средината на април соопшти дека го продолжила периодот за јавни коментари за случајот, додавајќи дека биле евидентирани над 9.000 одговори од јавноста, што е рекорден број досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот