Надал се откажа, Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња!

Рафаел Надал на некој начин му е жал за Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал, нема да игра во полуфиналето на АТП-купот на дуелот помеѓу неговата Шпанија и Италија.

Оваа вест не би била толку важна сама по себе што Надал, откако се откажа од полуфиналниот дуел, теоретски не може да го достигне Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП-листата до 8 март.

А тогаш српскиот ас дефинитивно ќе го сруши рекордот на Рожер Федерер по бројот на недели на врвот на АТП-листата.

Доколку нема промени во последен момент, што не е невозможно, бидејќи Надал нема сериозна повреда на грбот, Ѓоковиќ ќе ја започне 311 недела на 8 март како најдобар тенисер во светот, додека Федерер одамна е „закован“ до 310-та недела.

Како што стојат работите, во полуфиналето на АТП-купот в сабота ќе се натпреваруваат Карењо Буста – Фоњини и Баутиста Агут – Беретини.

Првиот светски рекет Ѓоковиќ го дозна ривалот на „Австралија опен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот