Надал: Моето тело и личната ситуација не ми дозволуваат да се борам за поголеми цели

Рафаел Надал свесен дека тешко се враќа старата добра форма на тениските терени/фото: EPA-EFE/JOE TOTH/AELTC HANDOUT

Рафаел Надал вели дека се бореше до крајот на Мастерсот во Торино и дека последните два месеци биле многу лоши на психички, но не и на тениски план.

Повеќекратниот грен слем шампион загуби претходно денеска од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, а претходно на почетокот на турнирот беше поразен и од Тејлор Фриц од САД.

– Моето тело, годината која беше зад мене и мојата лична ситуација не ми дозволуваат во овој момент да се борам за поголеми цели. Тажен сум, разочаран, но од утре почнуваат подготовките за 2023 година – рече Надал.

ВИДЕО: Надал претрпе нов пораз на мастерс турнирот во Торино

Шпанскиот тенисер истакна дека му било тешко во претходните шест месеци.

– Кога ќе се погледне сето тоа, позитивно е што воопшто сум тука. Тоа е најважното. И кога велам, денес, мислам на последните неколку недели на теренот и она што ми се случи, тоа не е големо изненадување. Успеав да одиграм два турнири во последните три недели. Тоа не можев да го направам некое време. Не заборавив да играм тенис, како да бидам психички силен. Тоа е неопходно за сите тие позитивни страни да се опорават, да проработи таа силна психа и менталитет, да бидам на посакуваното ниво. Не знам дали повторно ќе го достигнам, но она што не се сомневам е дека ќе умрам доколку треба за тоа – вели Надал.

Надал во четврток од 15.00 часот го очекува третиот меч од „Зелената група“ во Торино против Каспер Руд од Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот