Надал или Ѓоковиќ ќе освојат повеќе грен слем титули од Федерер

Селекторот на Дејвис куп репрезентацијата на Шведска, Робин Содерлинг, верува дека двајцата тенисери кариерата ќе ја завршат со повеќе освоени грен слем титули.

Содерлинг кој е единствениот тенисер кој покрај Новак Ѓоковиќ што успеал да го победи Рафаел Надал на Ролан Гарос, смета дека српскиот и шпанскиот тенисер ќе го надминат Федерер.

– Рафа оваа или наредната година ќе освои грен слем титула и ќе се израмни со Федерер по бројот на титулите. Федерер никогаш не смеете да го потцените, но кога сите ќе се пензионираат мислам дека Надал или Ѓоковиќ ќе имаат највеќе освоени грен слем титули – изјави Содерлинг за Скај Спортс кој смета дека паузата во тенисот поради коронавирусот, најдобро ќе му дојде токму на Федерер.

– Доколку се продолжи паузата уште малку, тоа ќе му помогне на Федерер да се опорави и да ја продолжи кариерата, а истото се однесува и за Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот