Над 800.000 луѓе во Британија имаат симптоми на неухранетост

Фото: EPA-EFE/HANNAH MCKAY / POOL

Повеќе од 800.000 пациенти се примени во болниците во Велика Британија со симптоми на неухранетост и недостатоци во исхраната во последната година.

Како што покажуваат податоците на Националната здравствена организација (НХС) добиени од британските болници, во последната деценија има алармантно зголемување на дијагнозите поврзани со лошата исхрана.

Речиси половина милион примени пациенти имале недостиг на железо, стотици илјади страдале од недостиг на витамини и имало повеќе од 10.000 случаи на неухранетост минатата година.

Лекарите генерално се согласуваат дека овој тренд ги одразува нивните искуства во клиниките, при што се зголемува бројот на пациенти чии здравствени проблеми се резултат на сиромаштија.

Лекарите генерално се согласуваат дека овој тренд ги одразува нивните искуства во клиниките, при што се зголемува бројот на пациенти чии здравствени проблеми се резултат на сиромаштија.

Претседателката на Кралскиот колеџ за општи лекари (РЦГП), Камила Хоторн, вели дека лекарите во Британија се соочуваат со „морална болка“ поради ограничените начини на кои можат да им помогнат на пациентите.

„Не можеме како терапија да препишуваме диета или пари. Како нација не треба да имаме неухранети деца. Не треба да имаме деца со рахитис. Не треба да имаме луѓе со недостиг на железо или ниска количина на витамин Б. Постои такво чувство дека ова не е во ред, што се случува овде?“, рече Хоторн.

Таа додаде дека не сака да им препишува суплементи на пациентите.

„Има случаи кога родителите се откажуваат од оброците за да можат нивните деца да јадат“, додаде Хоторн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот