Над 400 осуденици побегнаа од затвор на Хаити, 25 загинати

Повеќе од 400 осуденици избегаа од затвор на Хаити, недалеку од главниот град Порт-о-Пренс.

Во денешниот извештај на локалните власти се вели дека 25 лица загинале пред два дена при масовното бегство од затворот Круа ле Буке, меѓу нив и директорот на таа институција и случајни минувачи кои биле во центарот на инцидентот, пренесува Би-Би-Си.

Меѓу убиените е и моќниот шеф на подземјето, Арнел Жозеф, кој настрада кога се појавил на мотор на контролен пункт, неколку часа по бегството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот