Над 3.500 нови случаи во Бугарија, 162 пациенти починаа, 29 отсто од тестираните се позитивни

Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени уште 3.568 случаи на заразени со коронавирус, а 162 пациенти умреле од последиците на ковид-19, објави денеска на својата веб-страница бугарската Влада.

Во изминатото деноноќие тестирани биле 9.093 лица, или вкупно 950.354 од почетокот на пандемијата, а според проценките, околу 29 отсто од испитаните биле позитивни на коронавирусот, пренесе БТА.

Во моментов, активни се 88.224 случаи, од кои 6.655 се во болница, а 430 на интензивна нега.

Досега во земјата 136.628 лица биле инфицирани со коронавирус, а 3.529 лица умреле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот