Над 210.000 луѓе ја напуштиле Сирија поради бомбардирањето

Повеќе од 210 илјади луѓе ги напуштиле своите домови во северозападна Сирија поради интензивното бомбардирање од владините сили, соопшти сириската Координациска група за одговор.

Според нивните податоци, 216.632 лица ги напуштиле домовите, а многумина од нив не знаеле каде точно ќе заминат. Голем дел се упатиле кон границата со Турција, посочи оваа хуманитарна група, која е активна во северозападниот дел на земјата.

Тие соопштија дека луѓето побегнале од 250 села и градови, а 252 цивили, меѓу кои 79 деца, загинале во насилствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот