Над 20 индиски војници исчезнале во поплавите на Хималаите

Поплави во Индија / Фото: EPA-EFE/NATIONAL DISASTER RESPONSE FORCE HANDOUT -- BEST QUALITY AVAILABLE -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Најмалку 23 војници се водат како исчезнати по силните поплави што ја зафатија долината на Хималаите во североисточна Индија, соопшти индиската армија. Овој далечен планински венец на Хималаите се наоѓа во близина на границата на Индија со Непал. Езерото Лонак се наоѓа во подножјето на глечерот во близина на Кангченџунга, третиот највисок врв во светот.

Поради возводната брана која претходно испуштала вода, нивото на реката Тиста било за 4,5 метри повисоко од нормалното. На видеото објавено од воен портпарол се гледа како насилниот кафеав порој се влевал во шумската долина, преминал патишта и носел далноводи на својот пат.

Поплавите и свлечиштата се релативно чести во Индија и предизвикуваат голема штета, особено за време на сезоната на монсуните која трае од јуни до септември. Но, до октомври, поголемиот дел од монсуните обично завршуваат. Експертите велат дека климатските промени ги прават овие катастрофи почести и поголеми.

Топењето на глечерите, исто така, го зголемува нивото на реките, а нерегулираната градба во областите подложни на поплави создава дополнителна штета. Хималајските глечери се топат побрзо од кога било поради климатските промени, изложувајќи ги жителите на непредвидливи катастрофи.

Глечерите се стопиле за 65 проценти побрзо меѓу 2011 и 2020 година во споредба со претходната деценија, се вели во извештајот објавен во јуни од Меѓународниот центар за интегриран планински развој. Глечерите, според проценките, би можеле да изгубат и до 80 отсто од сегашниот волумен до крајот на векот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот