Над 130.000 потписи за швајцарската неутралност – земјата нема да влегува во ниту еден воен сојуз, нема да поддржува санкции

133.000 потписи има народната иницијатива „Заштита на швајцарската неутралност (иницијатива за неутралност)“, соопшти Организацијата „За Швајцарија“. Со ова се бара трајна и воена неутралност, која би станала составен дел на швајцарскиот Устав. На овој начин, Швајцарија би се обврзала да не членува во ниту еден воен или одбранбен сојуз но соработката со такви организации би била дозволена доколку земјата биде директно нападната и да не поддржува санкции поинакви од оние договорени во ОН.

Организацијата соопшти дека иницијативата добила неочекувано високо ниво на поддршка, што е показател дека неутралноста мора да остане во фокусот на надворешната, домашната и безбедносната политика на Швајцарија.

Санкциите наметнати од Европска Унија, како оние против Русија по нејзиниот напад врз Украина, повеќе нема да се применуваат од Швајцарија доколку гласачите ги прифатат иницијативите, но земјата сепак ќе биде обврзана да обезбеди санкциите наметнати од други земји да не можат да се заобиколат.

Иницијативата, исто така, ќе ја обврзе Швајцарија да понуди „добри услуги“ и да ја искористи својата неутралност за да спречи конфликт и да биде достапна како посредник во преговорите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот