Начевски и Николов добија одговорна задача, ќе го судат дербито помеѓу Шведска и Холандија

Фото: ИХФ

Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денес по вторпат ќе делат правда на Европското првенство во Германија.

Начевски и Николов добија одоговрна задача да судат на дербито од групата во Манхајм помеѓу Шведска и Холандија.

Шведска и Холанија со двете победи во досегашните два натпревари го обезбедија пласманот во следната фаза, но и покрај тоа ќе се обидат да дојдат до триумф и во оваа пресметка со цел да пренесат максимален број на бодови во втората рунда.

Претходно Начевски и Николов делеа правда на натпреварот помеѓу Полска и Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот