На Том Круз не му дозволиле да слета со хеликоптер на Северниот пол

Том Круз / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Гувернерот на Шпицберските острови, на норвешка територија, 1.000 километри од Северниот пол, одбил да издаде дозвола за 30 слетувања на хеликоптери во рамките на снимањето на осмиот дел на филмската франшиза „Mission: Impossible“ со Том Круз.

Раководителката на одделот за животна средина, Кристин Хегелунд изјавила дека властите се обидуваат да ја зачуваат практично недопрената животна средина на Шпицберските острови. Таа вели дека сè што се случува на таа територија се одвива со огромно внимание за да не дојде до непотребно вознемирување на луѓето или животните кои живеат таму.

Актерската екипа треба да допатува во среда, поради тринеделното снимање, а доцнењето со добивање дозвола може да предизвика проблеми за продуцентската куќа „Парамонт“, која планира да снима во краток временски период, време кога на Шпицберските острови скоро константно е светло.

Локалната продуцентска компанија „Поларкс“, која го координира снимањето, поднела жалба до одлуката на гувернерот. Како што се наведува во жалбата, оваа компанија претходно добивала дозволи за слетување на хеликоптери во подалечните делови од островите, за потребите на претходни проекти.

На Шпицберските острови живеат 2700 луѓе и околу 3000 поларни мечки.

Недопрените ледени пејсажи и високите глечери привлекувале големи имиња од светската филмска индустрија. Познато е дека таму се снимани филмовите „Die Another Day“ од серијалот за Џејмс Бонд од 2002, а Колин Фарел и Стивен Грем таму снимале за серијата „The North Water“ во 2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот