На Табановце спречен обид за шверц на 126 литри прекурзори за производство на дрога

Фото: Царинска управа

Инспектори од мобилните царински тимови Секторот за контрола и истраги при претрес на патничко моторно возило управувано од словачки државјанин, при влез на ГП Табановце пронајдоа и запленија поголема количина на прекурзори за производство на дрога.

„Имено, на ден 10.12.2023 година на граничниот премин Табановце за влез во Република Северна Македонија при преглед на патничко моторно возило со словачки регистарски ознаки во багажниот простор од страна на царинските инспектори пронајдени се четиринаесет лимени канти со вкупно 126 литри прекурзори на дрога од кои 10 лимени канти со налепница TOLUEN LAKARSKY со тежина од по 9 литри и четири лимени канти со налепница ACETON со тежина од по 9 литри. По извршено вештачење на стоката, утврдено е дека се работи за прекурзори кои се користат за производство на некои видови на дроги како кокаин, хероин и амфетамински тип на дроги“, информираат од Царинската управа.

Фото: Царинска управа

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.

 

ВИДЕО: Македонец се обидел да шверцува девизи сокриени под акумулаторот на возилото, Царината му ги заплени

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот