На средбата Курти-Мустафа единствено паднал договор за нов состанок

Фото: Принтскрин

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти вечерва одржал средба со лидерот на Демократската Лига на Албанците, Иса Мустафа.

По средбата Курти за тамошните медиуми изјавил дека се договориле да се сретнат утре.

Според него, тие воделе конструктивен разговор и дека се работи на тоа да се постигне конечен договор.

– Средбата беше многу конструктивна, се договоривме утре да биде новата средба, исто така се договоривме да се сретнеме по интензивно ние претседателите на двата субјекти, оти потребно е да постигнеме договор кој ќе впиша нов начин на владење со Косово, со програма за правда, давајќи предност на граѓаниниот без оглед на разликите  – рекол Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот