На revakcinacija.mk ќе се пријавуваат за втора доза „Астра Зенека” вакцинираните во Србија над 60 години

Вакцината на „АстраЗенека“ против ковид/ Фото EPA-EFE/MONIRUL ALAM

Министерството за здарвство денеска ќе активира уште една веб-страница (revakcinacija.mk) наменета за пријавување на граѓани над 60 години кои примиле прва доза вакцина „Астра Зенека” во Србија, затоа што оттаму не може да бидат извезени вакцини за земјава за нивната втора доза.

-Очекуваме околу 20 јуни да има најголем број за ревакцина со „Астра Зенека”. Според нашите критериуми, може да обезбедиме една количина и кај нас од нашите вакцини на „Астра Зенека” и согласно тоа да го направиме планот, изјави Филипче, напоменувајќи дека се работи само за граѓаните над 60 години бидејќи одлуката на нашата земја е да не се имунизиираат помлади од таа возраст со оваа вакцина.

Додаде дека сертификатите на граѓаните ревакцинирани во Србија се сосема валидни и ги имаат сите технички карактеристики што се бараат на граничните премини, исто како и нашиот сертификат. Во завршна фаза е и изготвување апликација во однос на внесување QR-кодовите за ПЦР-тестовите.

Филипче оцени дека вакцинацијата се одвива добро, со намалено темпо за првата доза зашто деновиве е намален бројот на вакцини, но динамиката повторно ќе се засили од идната недела кога се очекуваат да пристигнат нови пратки.

 Тогаш се очекуваат да стигнат 20 000 вакцини донација од Грција и 50 000 вакцини од Бугарија. Во јуни се очекуваат вакцини од „Фајзер” преку нашиот договор за редовна динамика секој понеделник која, веројатно, не од овој туку од наредниот понеделник ќе се зголеми од тие 10 000. Очекуваме и преку КОВАКС-системот и руските вакцини. Така што во јуни, согласно бројот на пријавени граѓани, критична инфраструктура и преку стопанските комори, верувам дека темпото ќе биде исто како што беше на крајот на минатата недела и на почетокот на оваа. Досега се вакцинирани близу 230 илјади граѓани, од кои 60 000 се ревакцинирани, значи вкупниот број дадени вакцини во земјава е околу 300 000. Во сите градови добро се спроведува ревакцинацијата и очекуваме вакцинацијата повторно со темпото од висока бројка на 10 000 граѓани да продолжи од следната недела, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот