На птиците во Нов Зеланд им се потребни 50 милиони години да се опорават од луѓето

Фото: Миа

Кoга пристигнале во Нов Зеланд пред 700 години, луѓето го уништиле светот на птиците до такво ниво што ќе бидат потребни 50 милиони години за да се опорави, велат научници во напис во „Current Biology”.

Регенерацијата на толку разновиден свет на птици, како што беше во Нов Зеланд, ќе трае многу подолго отколку што постои човештвото, посочуваат авторите.

Повеќе од 70 видови птици исчезнаа од доаѓањето на луѓето во Нов Зеланд. Уште 30 видови се на раб на опстанок иако се преземаат мерки и напори за нивно зачувување.

„Ако изумрат тие критички загрозени видови, опоравувањето би траело уште 10 милиони години”, напишаа научниците, кои дошле до заклучоци проучувајќи ги фосилите и користејќи компјутерски симулации за да ги пресметаат резултатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот