На пристаништето во Саутемптон запленети 5,7 тони кокаин во контејнер со банани

Пронајден кокаин во банани во Британија / Фото Националната агенција за криминал (НЦА)

Во пристаништето Саутемптон на 8 февруари полицијата заплени 5,7 тони кокаин во вредност од 526 милиони евра. Тоа е најголемата заплена на дрога од класа А досега во Велика Британија. Националната агенција за криминал (НЦА) и граничните полицајци пронашле дрога во контејнер со банани од Јужна Америка, пренесува Скај њуз. Претходната рекордна заплена беше извршена во истото пристаниште во 2022 година и изнесуваше 3,7 тони.

„Оваа рекордна заплена ќе биде огромен удар за меѓународниот организиран криминал. Тоа ќе го прекине огромниот профит“, рече директорот на НЦА, Крис Фаримонд. „Дестинацијата на оваа пратка беше континентална Европа, но не се сомневам дека значително количество дрога ќе завршеше назад кај нас“, додаде тој.

Полицајците утврдуваат која криминална мрежа ја организирала испораката на дрога во пристаништето Саутемптон. Откриено е дека крајната дестинација на пратката требало да биде Хамбург, Германија. НЦА проценува дека бандите во Британија во просек заработуваат 4,7 милијарди евра годишно од продажба на дрога.

„НЦА пресретнува меѓународни мрежи дома и во странство, ги запираме на секој чекор“, рече Фаримонд и нагласи дека меѓународната соработка е клучна за оваа мисија.

Портпаролот на НЦА изјави дека шверцот на кокаин е тесно поврзан со насилството во синџирот на снабдување. Министерот за миграција и граници Том Персглов рече дека владата има нулта толеранција за шверцот на дрога.

„Оваа заплена испраќа јасна порака до криминалците дека ќе ги фатиме“, рече тој. „Нашата гранична полиција неуморно работи на заштита на границите и одржување на јавната безбедност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот