На Ѓоковиќ му предвидуваат над 400 недели на врвот на светската ранг-листа

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Поранешната тенисерка Барбара Шет-Игл, која беше активна во времето на Штефи Граф, смета дека Ѓоковиќ ќе биде на врвот на АТП листата уште долго и значително ќе го надмине рекордот на Германката

Барбара Шет-Игл (46), поранешна тенисерка, а сега коментаторка на Еуроспрот, му предвидува на Новак Ѓоковиќ дека ќе биде над 400 недели на врвот на АТП листата.

Шет, која беше тенисерка во времето на Штефи Граф (53), коментираше во врска со остварувањето на Ѓоковиќ, кој во понеделникот ја започна 378. рекордна недела на врвот на АТП листата.

Тоа значеше соборување на рекордот на Штефи Граф од 377 недели на врвот на светската ранг-листа. Тоа беше апсолутен рекорд во женска и во машка конкуренција. Сега сопственик на тој рекорд е Ѓоковиќ.

– Новак Ѓоковиќ е светски број еден 378 недели, што е седум години. Тоа е неверојатно. Тој ја надмина Штефи Граф, која за мене секогаш беше идол и пример. Имав многу почит за неа бидејќи играв против неа и играв во таа ера. Никогаш не мислев дека некој ќе го сруши нејзиниот рекорд. Сега тоа се случи со Новак, што е феноменално. Кога го освои Австралија опен на почетокот на годината и повторно стана број 1 во светот, си мислев како е можно тоа – изјави Австријката.

Barbara Schett EPA/Herbert Pfarrhofer

Според неа Ѓоковиќ уште многу недели ќе мине како светски број еден, бидејќи игра во постојана форма.

– Мислам дека ќе биде на врвот над 400 недели. Тој е сè уште оној што победува во моментот и е најконзистентниот играч. Феноменално е она што го постигна и тој со право го има рекордот – вели Шет-Игл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот