На фудбалски натпревар во Кисела Вода четворица играчи нападнале противнички играч

Македонска полиција / Фото: МИА

Млад фудбалер бил нападнат за време на натпревар од пониските македонски фудбалски лиги. Немилиот настан се случил во неделата во Кисела Вода.

-На фудбалски стадион на подрачјето на Кисела Вода вчера попладне за време на фудбалски натпревар, Б.Ц.(18) од с.Сопиште, скопско, Б.П.(33), С.С.(33) и М.Ј.(33) сите од Скопје, кои биле играчи на фудбалски клуб од Скопје физички го нападнале Х.Б.(21) од с.Луково, струшко, кој бил играч на другиот фудбалски клуб од Скопје, информираа од МВР.

Лицата биле повикани во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот