На Блискиот Исток пристигнуваат околу 1.000 американски војници – Слободен печат
ВестиПланета

На Блискиот Исток пристигнуваат околу 1.000 американски војници

Оваа мерка е во прилог на безбедноста на веќе присутните воени служби и заштита на националните интереси на САД во регионот.

Како одговор на „заканата“ од Иран, околу илјада американски војници и воена опрема ќе бидат испратени на Блискиот Исток.

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шанахан, потврди дека одобрил префрлање на околу илјада војници за одбранбени цели поврзани со закани од воздух, море и копно на Блискиот исток.

Оваа мерка е во прилог на безбедноста на веќе присутните воени служби и заштита на националните интереси на САД во регионот. Тој додаде дека САД вршат мониторинг на теренот и можат да донесат одлука за раширување на военото присуство зависно од разузнавачките извештаи и кредибилните закани.

Од страна на Пентагон беа објавени нови снимки за зајакнување на обвинувањата дека Иран бил одговорен за нападите врз два танкера за нафта во текот на минатата недела во Ормускиот залив. Повеќето од снимките биле направени од американски воен хеликоптер и на нив се прикажува како иранските сили отсрануваат неексплодирана мина од јапонскиот танкер. Според Вашингтон, станува збор за отстранување на доказите од местото на настанот.

Иран се наоѓа под строги санкции наметнати од САД откако Вашингтон истапи од Заедничкиот продлабочен план (ЈЦПОА), или таканаречаниот нуклеарен договор склучен меѓу Иран и петте постојани членки на ОН плус Германија. Експертите сметаат дека САД и Иран влегуваат во конфликт, посебно по вчерашното соопштение од иранско официјално лице дека Техеран ќе ги намали обврските кон ЈЦПОА и ќе почне збогатување на ураниум за изградба на атомска бомба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close